Белата куќа тврди дека Исламска држава во Сирија е комплетно поразена – Слободен печат
ВестиПланета

Белата куќа тврди дека Исламска држава во Сирија е комплетно поразена

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс потврди дека целата територија на Сирија е „сто отсто ослободена од терористи".

Белата куќа денеска соопшти дека Исламска држава во Сирија е поразена и оти нема повеќе територии под контрола на екстремисти.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс потврди дека целата територија на Сирија е „сто отсто ослободена од терористи”.

Сандерс додаде и дека министерот за одбрана на САД Патрик Шанахан за ова го известил американскиот претседател Доналд Трамп.

Таа на новинарите им покажа мапа на Ирак и Сирија на која се гледа  дека терористичката група повеќе не контролира ниту една област во регионот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close