Зошто Дакота Џонсон ги избриша фотографиите од Инстаграм?

Зошто Дакота Џонсон ги избриша фотографиите од Инстаграм?

336
SHARE
Фото - Профимедиа

Холивудската ѕвезда од „50 нијанси потемно“, Дакота Џонсон, откри дека чувствувала како себе си да се експлоатира на Инстаграм.

Нејзиниот профил се уште е активен на социјалната мрежа, но на него таа оставила само една фотографија – насловна на списание на која е фотографирана пред три години.

Таа вели дека не може да ги разбере познатите личности кои се подготвени да го споделат секој момент од својот приватен живот со целиот свет.

– Таква бев и јас, но тоа правеше да се чувствувам експлоатирано. Буквално се експлоатирав сама себе. Се чувствував толку ранливо и знам дека тоа беше моја грешка, затоа не ја разбирам потребата секоја информација да се сподели со непознати луѓе – изјавила Дакота Џонсон.

Актерката навела дека се што работи е глума и дека нејзините филмови луѓето може да ги толкуваат како сакаат, но дека се друго за неа е премногу.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

sixteen − 3 =