Стиви Вондер ја расплака Мишел Обама пеејќи ѝ серенади ВИДЕО

Стиви Вондер ја расплака Мишел Обама пеејќи ѝ серенади ВИДЕО

61
SHARE
Принтскрин

Мишел Обама беше оставена со солзи во очите откако легендарниот музичар Стиви Вондер ѝ испеа сплет од неговите најголеми хитови.

Госпоѓа Обама учествувала во шоуто на Џими Фелон „Тунајт шоу“ во среда вечер во нејзиното последно појавување на телевизија како Прва дама пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Првата дама била многу емотивно расположена кога Вондер ѝ посветил музички сет со специјални верзии од неговите хит песни „Isn’t She Lovely“ и „My Cherie Amour“.

– Те сакам Мишел – започнал Вондер, па продолжил: „Морам да ти кажам, ја напишав оваа песна, но ги изменив малку зборовите.“

– Моја Мишел љубов, прекрасна како летен ден. Моја Мишел љубов, слатка како цветањето на цвеќињата во мај. Моја Мишел љубов, ти си единствената која ние ја обожаваме. Ти секогаш ќе бидеш Првата дама во нашите умови – испеал Вондер.


Подготви: К. А.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

four × one =