Откритие: Луѓето со најздраво срце живеат во шумите на Боливија

Откритие: Луѓето со најздраво срце живеат во шумите на Боливија

210
SHARE
Фото Принтскрин

Народ Чимејнеј – Стилот на живот на 16-те илјади припадници на овој народ е сличен со животот на луѓето што во таа област живееле пред повеќе илјади години.

Припадниците на народот Чимeјнеј, кои живеат во област околу реката Маники во прашумите на Амазон, имаат најздрави срца во светот. Речиси ниту еден припадник на овој народ нема затнати артерии, дури ни старите лица, тврдат научниците.

Чудо

– Навистина се чудесни, а нивната исхрана и начинот на живот радикално се разликуваат. За волја на вистината, остатокот од светот тешко дека би можел да живее како овие ловци-собирачи, меѓутоа од нивната егзистенција може многу да се научи – посочуваат истражувачите.

Стилот на живот на 16-те илјади припадници на овој народ е сличен со животот на луѓето кои во таа област живееле пред повеќе илјади години.

Исхрана

Луѓето од овој народ јадат диви свињи (17 отсто од исхраната на овој народ ја сочинува месо од три животни), потоа 7 отсто од исхраната им се состои од пирани и сом, а остатокот од исхраната отпаѓа на ориз, пченка, растението маниока и банани, како и секакви овошки и јаткасти плодови што ќе ги најдат. Тоа значи дека 72 отсто од калориите што ги консумираат произлегуваат од јаглени хидрати, 14 отсто од масти и 14 отсто од протеини.

Фото Принтскрин
Фото Принтскрин
Активност

Покрај тоа, припадниците на народот Чимејнеј се многу физички активни, при што во еден ден во просек прават просечно над 15.000 чекори.

– Навистина е импресивно колку се активни – изјавил д-р Грегори Томас, еден од истражувачите кој работел на студијата.

Научниците утврдиле дека овие луѓе на возраст од 45 години воопшто немаат талог од калциум во коронарните артерии. Чимејнеј се толку здрави што ниту на 75 години немаат талог во коронарните артерии. За споредба, четвртина од Американците постари од 45 години имаат талог од калциум во коронарните артерии, додека тоа е случај со дури 80 отсто од Американците постари од 75 години.

Чимејнеј исто така помалку пушат цигари. Повремено се случуваат смртни случаи од инфекции.

Што може да се научи?

– Сметам дека на физичката активност треба да ѝ пристапиме холистички. Се возите со велосипед на работа, се качувате по скали, а не со лифт и зад компјутер работите стоејќи. Треба да вежбаме многу повеќе отколку што тоа сега го правиме. Урбанизацијата и специјализацијата претставуваат ризик за здравјето за срцето. Тие живеат во заедници, па се многу друштвени и воопшто позитивни луѓе – рекол Мајкл Гурвен, професор по антропологија од Калифорнија.

Фото Принтскрин
Фото Принтскрин
Кардиолог за студијата

Кардиологот Гавин Сандеркок од Универзитетот во Есекс ја пофалил студијата и нејзините резултати. Ова, посочил, е извонредна студија со уникатни резултати.

– Фактот дека народот Чимејнеј 72 отсто од енергијата ја одбива од јаглени хидрати се коси со сугестиите дека јаглените хидрати не се здрави – појаснил кардиологот.

Сандеркок додал дека, едноставно кажано, со исхраната на луѓето мора да доминираат непреработени производи и храна со малку заситени масти, да не се пуши и да се биде активен.

– Ако живеете така, не би требало да имате проблеми со срцето и кардиоваскуларниот систем – се надоврзал професорот Навид Сатар.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

four × 2 =