Како да се заштитат автомобилите од солта

Како да се заштитат автомобилите од солта

98
SHARE

Заради снегот и мразот по улиците се фрла сол, што е  од помош за расчистување на патиштата, но може да им наштети на автомобилите. Како да се заштитат возилата?

Од солта прво се уништуваат незаштитените делови, а потоа и сите места на каросеријата на кои се задржуваат вода и кал. Најчувствителни места се рабовите на крилата, спојот на хаубата и крилото, долниот дел на вратите, споевите на задната хауба и праговите.

Освен редовно перење, за ефикасна заштита од корозија на возилата се користат специјални лакови, а неопходно е и прскање на долниот дел на каросеријата и просторот околу моторот со производи на база на восок.  Производите може да се побараат на бензинска пумпа или во сервис.

Штом ќе помине зимата и зимските гуми ќе се заменат со летни, автомобилот задолжително треба да се однесе на сервис и чистење на моторот, бележи „Мондо“.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

2 + 13 =