Хуманитарен работник тврди: Џоли го посвои Мадокс со лажирани документи

Хуманитарен работник тврди: Џоли го посвои Мадокс со лажирани документи

152
SHARE
Фото - Профимедиа

Моун Сарат, хуманитарен работник од Камбоџа, тврди дека холивудската актерка и режисерка Анџелина Џоли во документите за посвојување на нејзиниот син Мадокс користела невистинити информации.

51-годишниот хуманитарен работник признал дека фалсификувал документи за посвојување на Мадокс, кој сега има 15 години.

– Анџелина мораше да го смени неговото име, а тоа на суд морав јас да го направам. Лажев на суд дека сум негов татко, како би ја забрзал целата постапка – објаснил Сарат и додал дека би сакал актерката никогаш повеќе да не се врати во Камбоџа.

Тинејџерот стана дел од семејството Џоли – Пит во 2003 година.

Таа година во САД биле воспоставени нови, построги услови за посвојување на деца од Камбоџа заради страв од трговија со луѓе, што може да било причина заради која Анџелина Џоли сакала да ја забрза постапката.

Сарат документите за неговото тврдење ги покажал пред британскиот весник „Сан“, но тие не докажувале дека актерката знаела за тоа. Моун тврдел и дека Мадокс законски се уште е негов син зашто наводно Џоли не ги решила проблемите со документите.

Интересно е, бележи „Б92“ дека вработената во агенцијата за посвојување, Лорни Галиндо, завршила во затвор заради фалсификување на имиња и места на раѓање на деца кои заминале во американски семејства, откако Џоли го посвоила Мадокс. Таа добила казна затвор од 18 месеци. Галиндо учествувала во 800 посвојувања на деца од семејства и лажела дека се сирачиња.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

eight − 6 =