Детали од „Лепа села, лепо горе“: Кашикари, деминери и алкохол

Детали од „Лепа села, лепо горе“: Кашикари, деминери и алкохол

183
SHARE
Фото - Принтскрин

„Лепа села, лепо горе“ беше снимен пред две децении и стана култен филм. Некои работи за филмот до неодамна беа непознати.

Во сторија за „Лепа села, лепо горе“, српски „Курир“ пишува дека војниците кои се појавуваат во филмот не биле статисти, туку вистински униформирани лица и дека на еден од војниците продукцијата му останала должна дневница, па тој се појавил на сет со кашикара и се заканувал дека ќе се разнесе ако не му се исплатат парите. Дневницата била 20 марки.

Никола Пејаковиќ Коља, ко-сценарист и актер во филмот, паузите ги поминувал со деминери кои оделе на секоја локација пред екипата, за да проверат дали има мини пред нив.

Сцената пак, се бележи на „Курир“, во која Пејаковиќ и Драган Бјелогрлиќ играат кошарка едвај била снимена зашто Коља бил пијан, а бидејќи се снимало во воено подрачје, луѓето од филмот морале да соработуваат со офицери, од кои некои завршиле во Хаг.

– Тешко е да се зборува за тоа денес, тоа не беше нормално снимање. Главите не ни беа нормални. Не беше нормална ситуација, главите не ни беа исти како овие денес. На никој од нас – рекол Никола Пејаковиќ.

Филмот „Лепа села, лепо горе“ е инспириран од вистински случувања и беше српкси кандидат за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 1996 година, се бележи на Википедија.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

11 + eighteen =