„Д Килерс“ одбраа дури три предгрупи за спектаклот на Петроварадинска!

„Д Килерс“ одбраа дури три предгрупи за спектаклот на Петроварадинска!

72
SHARE
Фото - Псворд продукција

Остана само уште месец и половина до спектаклот на годината со „Д Килерс“, кој на 5 јули ќе настапи на Петроварадинска тврдина!

Еден од најголемите бендови на нашето време во Србија доаѓа во рамки на ексклузивната турнеја со која ќе посетат вкупно само десетина земји, а колку сериозно го сфаќаат секој свој настап говори фактот дека лично ги одбраа трите предгрупи за спектаклот на Тврдината! Пред „Д Килерс“, на главната бина на ЕГЗИТ, ќе излезе и фантастичната њујоршка четврока „Тичерс“, регионалните мајстори на рок спектаклите „Ван Гог“, како и инди-рокерите од Риека, „Џонатан“!

Креативните мулти-инструменталисти „Тичерс“ стигнуваат на Тврдината да ја размрдаат публиката со својата комбинација на фанк и инди звуци, афро-диско влијанија и електроника, а резултатот најдобро се гледа на нивните неодамна објавени синглови „Ocean“ и „Mannequin In Heat“ кои сигурно ќе ја освојат публиката на Петроварадинска тврдина. Нивната музика неодоливо евоцира лето, како и фанки духот на седумдесеттите и шаренилото на осумдесеттите. Меѓу нивните фанови се наоѓаат и Кање Вест, чиј хит-сингл „Monster“ го продуцираше Бен Бронфман фронтменот на групата, инаку сопруг на познатата раперка М.И.А. која исто така ја слушавме на „Егзит“. Брофман е врвен продуцент, а за „Греми“ наградите беше номиниран за уште една соработка со Кање Вест, и тоа на нумерата „New Slaves“. „Тичерс“ се бенд кој според лично признание на членовите, е заљубен во Србија, каде што тие неодамна престојуваа и го снимаа својот нов спот, па и посетија бројни споменици и бруталистичката архитектура која ги потсетува на „Војна на ѕвездите“ фолмовите!

Фото – Пасворд продукција

Тој ден на бината ќе се најде и еден од најпознатите рок бендови од овие простори – „Ван Гог“! Оваа титула не еднаш, туку веќе двапати ја потврди и престижната „Ем-ти-ви“ награда, во 2007 година од Минхен и 2014-та од Глазгов. „Ван Гог“, од објавувањето на првиот албум во 1991-ва година, па до денес, ја одржа својата енергија и препознатливиот звук кој може накратко да се опише како чист рок! Со секој нов албум, кон нивната музика се додава по уште еден слој, па бендот сега нуди зрел и дотеран звук, подготвуван со внимание и тежнеење кон префекција која ниту во еден момент не ја ускрати нивната непосредност. Тоа апсолутно се рефлектира и на најновиот албум „Neumeren u svemu“, а истоимената нумера доби „live“ спот за роденденскиот концерт на „Ван Гог“ одржан кон крајот на годинат. Ова е воедно и премиера на новиот спот кој најдобро потврдува зошто „Д Килерс“ ја препознаа сценската енергија на групата „Ван Гог“ и зошто Џуле, Срба и екипата важат за мајстори на големите рок концерти!

Фото – Пасворд продукција

Инди-рок петорката „Џонатан“ од Хрватска ја заокружува одличната програма за нултиот ден на Егзит фестивалот! Фановите нетрпеливо ги очекуваат, бидејќи тие го освоија регионот со фантастичните хитови „Maggie“, „Communicate!“ i „Try To Get Even“, а својот статус на домашната музичка сцена го зациментираа со мини албумот „To Love…“, објавен на почетокот од годинава, кој и сѐ уште е најсилниот хрватски кандидат за албум на годината, а на кој се издвојуваат нумерите „Heaven“ и „Allison“. Настапот со ѕвездите на рок сцената „Килерс“, е само уште една потврда за неверојатниот квалитет на овој бенд за кој сѐ повеќе се зборува и надвор од регионот.

Егзит тимот оваа година спојува дури четири фестивали, во Хрватска, Романија, Србија и Црна Гора во големото Егзит Лето на љубовта 2017. „Гет Ексајтед“ спектаклот и своевидниот „Деј Зиро“ на Тврдината, оваа година ќе биде со „Д Килерс“ на 5 јули, по што следува Егзит Фестивал од 6 до 9 јули на кој ќе настапат и Лијам Галагер, „Јиарс енд јиарс“, Рошин Марфи, „Раг-ен-боун Мен“, Џејк Баг, Пол Калкбренер, Хардвел, Соломун б2б Диксон, Џејми Џоунс, „Блек Кофи“, „Хот синс 82“, Дјук Думонт, Робин Шулц, Ален Волкер, „Лост Фриквенсис“, „Ноисиа“, „Фореин Бегарс“, Принцес Нокиа, „Дисчарџ“, „Д Демнд“, „Блек Далиа Мрдер“, „Рекондајт“ и бројни други.

Петдневните влезници за Егзит фестивал, кои го опфаќаат и нултиот ден со настапот на групата „Д Килерс“ (5-9 јули) веќе се во продажба по цена од 4.920 денари, додека четиридневните влезници за Егзит (6-9 јули) во продажба се по промотивната цена со 50% попуст, од 3.920 денари. Сите кои веќе имаат четиридневна влезница, а истата сакаат да ја надоградат за петдневна и со тоа да ги гледаат во живо и големите „Д Килерс“, можат да купат „Гет Ексајтед“ додаток по цена од само 999 денари (партер). Оние пак кои ги интересира само концертот на „Д Килерс“ на „Деј Зиро“, можат да купат и поединечни влезници за тој ден по цена од 1.900 за партер, 2.950 за Фан Пит и 6.550 денари за Голд ВИП.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

fourteen − 8 =