Босанката која се омажи за 32 години постариот милијардер: Неговиот изглед и...

Босанката која се омажи за 32 години постариот милијардер: Неговиот изглед и годините се небитни ФОТО

599
SHARE
Фејсбук

Нади Хасандедиќ (39), која е по потекло од Босна и Херцеговина, се омажила за 32 години постариот мултимилионер од Сиднеј, Невил Кричтон.

Венчавката била најавена како настан на годината во Австралија, бидејќи за неа пишувале сите светски медиуми откако било откриено дека на истата се потрошиле дури милион долари. Нади за босански „Аваз“ дала ексклузивно интервју во кое открила детали од својот приватен живот.

Нејзиниот татко долги години живеел во Австралија пред да се врати во Мостар, каде што ја запознал нејзината мајка. По венчавката, се вратиле во Австралија, каде што е родена, а по војната повторно го посетиле Мостар. Само неколку месеци подоцна, таткото на Нади умрел од рак.

Нади истакнува дека често го посетува градот на Неретва, кој го посетила и со својот сопруг.

– Се обидувам да дојдам секоја година, да се видам со семејството и пријателите. Невил, меѓутоа, секоја година оди на Формула 1 во Монако, така што неговото лето е долу, моето во Мостар или на Јадранот. Сега се договоривме половина од времето да го поминуваме во Монако, а половина во БиХ – вели Неди.

Многумина ги прозивале поради разликата во годините, но таа вели дека совршено се надополнуваат. „Невил ја сака мојата реалност и тоа што имам, како што вели, старинска душа која е токму како неговата, бидејќи тој има млад дух и поглед на животот, така што се наоѓаме некаде на половина. Мојот сопруг сака брз живот, сака да работи и да се забавува, а јас сум спротивно од него, повеќе на земја“, изјавила таа.

Открила и како се запознале. „Се запознавме преку некои пријатели, случајно на ручек за Божик. Не мислевме дека помеѓу нас ќе се случи нешто повеќе од пријателство, посебно поради разликата во годините, но, ете, се случи, бидејќи сфатив дека неговиот изглед и години не се важни“, рекла Нади.

Нејзиниот сопруг Невил се збогатил со увоз на автомобили од што заработил 400 милиони долари. Неодамна купил вила вредна 33 милиони долари, во која ќе живее новопечената брачна двојка. Нади е повеќе од задоволна со организацијата на свадбата.

– Венчавката беше бајковита, не можеше да биде поубаво, многу романтично, и што е најважно, сите гости беа задоволни – рекла таа. Додала и дека не слушале босанска музика на свадбата, а дека омилен пејач и е Халид Бешлиќ и песна „Милјацка“. На венчавката носела венчаница на сестрите од „Ерса Атеље“ од Романија, од која ги извадила дијамантите, бидејќи не сакала да бидат премногу. Нивната венчавка ќе ја памети и Универзитетот во Сиднеј, каде што свадбата била организирана во нивната сала, бидејќи во таа цел ги обновиле нивните тоалети на што потрошиле 20.000 долари.

Нади работела за Кристијан Диор во Сиднеј, но никогаш не се занимавала со манекенство. Изјавила дека понекогаш се вклучува во некои проекти во модниот свет, но дека нема премногу време за тоа, бидејќи главно се занимава со хуманитарна работа. Вели дека го памети убавиот живот во Мостар и дека БиХ секогаш ќе биде дел од неа.

Подготви: K. A.

 

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

4 × three =