Владата на Грција ги отфрла медиумските шпекулации за името

Владата на Грција ги отфрла медиумските шпекулации за името

114
SHARE

Владата во Атина ги демантира и отфрла медиумските шпекулации дека е постигнат било каков напредок во преговорите меѓу Грција и Македонија.

Некои регионални медиуми, особено во Албанија, излегоа со вести дека е постигнат договор за името да се промени во „Република Нова Македонија“.

Грчкиот весник „Катимерини“ пренесе изјава од портпаролот на грчката Влада, Димитрис Цанакопулос дека Атина одбива да учествува во шпекулациите за името на земјата, пишува Макфакс.

„Не сме заинтересирани за шпекулациите во врска со името, туку сакаме да продолжиме со преговорите на сериозен начин. Само така можеме да дојдеме до решение во следните неколку месеци за проблем што нѐ следи веќе 25 години“, рече Цанакопулос.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY