УНИЦЕФ: Вложување во ефикасен систем за социјална заштита на сиромашни деца

УНИЦЕФ: Вложување во ефикасен систем за социјална заштита на сиромашни деца

95
SHARE

Владите од регионот да инвестираат во посоодветен систем на социјална заштита на децата, побараа учесниците на конференцијата за социјална заштита на децата што се одржа во Сараево, а на која, како што информира УНИЦЕФ, учествуваше и македонската министерка за труд и социјална политика Мила Царовска.

Учесниците од Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Македонија, Црна Гора, Словенија, Грузија и Молдавија усвоиле повик за акција којшто дополнително ја потврдува посветеноста на земјите во регионот да го подобрат системот на социјална заштита на децата.

Министерката Царовска во своето излагање истакнала дека борбата против детската сиромаштија е приоритет број еден на Владата.

– Затоа, Министерството за труд и социјална политика започна со амбициозна и сложена реформа на системот за социјална заштита во земјата за да одговори поефикасно и да ги заштити децата и семејствата со деца од негативните ефекти на сиромаштијата – нагласила Царовска.

Според претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, физичкиот, емоционалниот и когнитивниот развој од дете во здрав возрасен човек е поткопан од повеќекратните последици од детската сиромаштија. – Но, добрата вест, посочил Перкс, е дека можеме да ја смениме детската сиромаштија, ако таа стане национален приоритет.

Конференцијата во Сараево се одржуваше три дена, а ја организираа УНИЦЕФ Босна и Херцеговина со поддршка од регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија и канцелариите на терен на УНИЦЕФ од земјите учеснички.

(МИА)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY