Туск: Балканската приказна е поинтересна од „Игра на тронови“, само без змејови

Туск: Балканската приказна е поинтересна од „Игра на тронови“, само без змејови

96
SHARE

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека „балканската приказна“ е поинтересна од „Игра на тронови“, иако нема змејови.

„Историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од сценариото за серијата ‘Игра на тронови’, иако без змејови. Би сакале сегашноста и иднината на Балканот да се разликуваат од драматичните филмови. Луѓето од овој регион заслужуваат стабилност и просперитет“, нагласи претседателот на Европскиот совет во својот сликовит говор полн со анегдоти и историски референци.

Туск додаде дека Бугарија, иако е меѓу најсиромашните членки на ЕУ, исто така е и еден од најголемите еврооптимисти, а ги пофали и напредокот и решителноста на земјата во европските успеси.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY