Струмица блесна во новогодишен сјај

Струмица блесна во новогодишен сјај

243
SHARE

Струмица се закити со новогодишно руво. Градот блесна во новогодишен сјај. Елка висока 15 метри на градскиот плоштад, светлосно небо, мрежи, топки, светлосни елки, солзи, мразулци и мрежи на палмите и дрвјата се само дел од новогодишните украси поставени на повеќе локации во градот. Украсувањето, кое чини 2.499.240,00 денари, го изврши компанијата „Линк Медиа Плус“ од Скопје.

Традиционално дел од новогодишното украсување во централното градско подрачје ќе остане се до завршувањето на карневалските празнувања во февруари 2018 година.

Инаку, според календарот главната карневалска вечер во Струмица е закажана за 17 февруари идната година.

Р.Т.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY