СЈО го презеде предметот „Шпион“

СЈО го презеде предметот „Шпион“

207
SHARE

Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за еден од обвинетите во предметот „Шпион“, за кого Апелациониот суд ја уважи жалбата и случајот го врати од почеток.

Предметот „Шпион“ го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Скопскиот Апелационен суд во октомври 2016 година делумно ги уважи жалбите на обвинетите во предметот „Шпион“ и ја преиначи првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1, во однос на висината на казните.

– Апелациониот суд до Кривичниот суд ја достави пресудата со која првостепенета пресуда за предметот „Шпион“ се потврдува, со тоа што жалбите на обвинетите делумно се уважуваат и пресудата се преиначува во делот на одлуката за казната, додека жалбата на обвинетиот Ѓ.Х. се уважува и во овој дел пресудата се враќа на повторно судење и одлучување – соопшти Кривичниот суд.

На обвинетиот Горан Стојков, кој беше осуден на девет години, со одлуката на Апелацискиот суд казната му беше намалена за три години и три месеци.

Петнаесетгодишната казана на обвинетиот Марјан Ефремов му е намалена на 10 години и шест месеци.

Маријан Маџовски доби условна казна, а претходно беше осдуден на затворска казна од 1,5 година. Условна казна доби и Ване Цветанов, кој беше осуден на тригодишна затворска казна.

Во утврдените казни, како што тогаш соопштија од Кривичниот суд, се засметува и времето кое обвинетите го минале во притвор или куќен притвор.

За случајот „Шпион“ беа обвинети 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, злоупотреба на службената положба, уцена, измама и недозволено поседување на оружје.

Во завршните зборови обвинетите тврдеа дека не се виновни и побараа од Судот да ги ослободи од кривична одговорност.

(МИА)

 

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY