Прво државен обвинител, па потоа шефови на обвинителства

Прво државен обвинител, па потоа шефови на обвинителства

133
SHARE
Фото: www.sjorm.gov.mk

Поради тоа што уште официјално не е назначен државен обвинител, СЈОРМ не може да бира шефови ни во подрачните единици на обвинителствата, ниту во кабинетите каде челните места се испразнети.

За нов државен обвинител е избран Љубомир Јовевски, но тој уште не е назначен. Советот днес назначи вршители на должност во скопското обвинителство, Сашо Рајчев и во одделот за организиран криминал, Гордана Наќивска.

Именувани се и раководители во вишото јавно обвинителство во Битола и шеф на ОЈО Радовиш. За јавен обвинител во Републичкото јавно обвинителство именуван е Исмаил Дарлишта.

Именувањето на државен јавен обвинител беше сопрено од страна на Собранието, па со тоа се запрени и другите постапки во ОЈО.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY