Пренаменети пари од „Скопје 2014“ за енергетски фасади на училишта

Пренаменети пари од „Скопје 2014“ за енергетски фасади на училишта

160
SHARE

60 милиони денари претходно наменети за изведби во склоп на проектот „Скопје 2014“ се пренаменуваат за енергетски ефикасни фасади на средни училишта во Скопје.

Како што најавува градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, работата ќе започне и ќе се одвива за време на летниот распуст, кога учениците не се во училиште.

Дополнително, предвидени се уште 20 милиони денари за доопремување на училиштата и решавање на внатрешната инфраструктура во зависност од приоритетите на секое училиште. Во Скопје четири училишта се уште се греат на мазут, а градот разгледува алтернативен начин на затоплување и за нив, напиша Алсат-М.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY