Нимиц ќе даде предлог за спорот на 17 јануари

Нимиц ќе даде предлог за спорот на 17 јануари

160
SHARE

Владите од Скопје и Атина очекуваат предлог од страна на медијаторот Метју Нимиц за решение на спорот со името на 17 јануари, на претстојните разговори во Њујорк.

На средбата помеѓу шефовите на дипломатии на двете држави било заклучено дека врвен приоритет е унапредувањето на билатералните односи и соработка, но изразен е и оптимизам дека ќе има решение на долгогодишниот спор.

И покрај ставот на официјална Атина, во Грција постојат здруженија, но и истакнати поединци кои сметаат дека терминот „Македонија“ воопшто не треба да биде дел од сложеното решение.

Владата на Атина се огради од ваквиот став.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY