Миа Крстевска постави нови младински рекорди на „Немо“-купот

Миа Крстевска постави нови младински рекорди на „Немо“-купот

274
SHARE

Викендов се одржа 13-то издание на „Немо“-купот на кој учество земаа 510 пливачи од Македонија, Турција, Бугарија, Албанија, Косово и Србија.

Пливачката Миа Крстевска од клубот „Орион“ надмина свои претходни рекорди и тоа младински рекорд во 100 метри грбно пливање за 1:07:14 (претходниот беше 1:07:28) и 200 метри грбно пливање за 2:22:23 (претходниот нејзин рекорд беше 2:23:24).

Нов рекорд во категоријата на кадети и постари пионерки постави Миа Блажевска Еминова, за 50 метри грбно пливање, која го исплива за 33:71, со што ги надмина досегашните рекорди на Деа Калајлиоска во истата категорија.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY