Изгласани новите мерки за штедење во Грција

Изгласани новите мерки за штедење во Грција

257
SHARE

Грчкиот парламент вчера ги изгласа новите мерки за штедење, во договор со меѓународни кредитори, со што ќе се исплати нова рата од грчките кредити.

Предлог-мерките беа изгласани по неколку часови жестоки дебати и дискусии меѓу власта и опозицијата. Опозицијата тврди дека граѓаните се непотребно оптоварени со новите мерки за штедење.

Со овие мерки, се намалуваат платите и пензиите, но погодени се и социјално ранливите категории.

Власта, пак, смета дека на овој начин ќе се намали грчкиот долг.

Паралелно со тензиите во Собранието, на улиците се случуваа и граѓански протести на вработените во јавниот сектор.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY