Иванов утре на Светски економски форум во Јордан

Иванов утре на Светски економски форум во Јордан

327
SHARE

Претседателот Ѓорге Иванов, утре ќе престојува во работна посета на Хашемитското Кралство Јордан по повод учеството на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка, што се одржува во Аман.

„Иванов ќе учествува на пленарната сесија на свеченото отворање на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка и на сесијата на тема „Заштита на бегалци: наша морална одговорност“. Во рамки на работната посета, Иванов, ќе оствари билатерална средба со Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Абдула II, како и повеќе билатерални средби со учесниците на форумот. На Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка е најавено учество на над 1000 политички лидери, претставници од бизнис секторот и цивилното општество, од повеќе од педесетина држави“, соопшти Кабинетот на Иванов.

Темите на дискусија на форумот се однесуваат на улогата на Кралството Јордан во регионот, економските перспективи на земјите од овој регион, промените во геополитиката и хуманитарните предизвици во однос на состојбите во Сирија, Ирак и Либија, како и актуелната мигрантската криза.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY