Хојт Ји: Насилниците од 27 април да се изведат пред лицето на...

Хојт Ји: Насилниците од 27 април да се изведат пред лицето на правдата

302
SHARE

Ќе работиме со новиот претседател на Собранието во поддршка на демократијата и на напредокот на Македонија на европскиот пат, изјави заменик-помошник државниот секретар за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, говорејќи на сведочењето во Поткомитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот, пренесе Радио Слободна Европа.

– Ги повикуваме македонските власти целосно да ги истражат нападите врз пратениците што следуваа по изборот на новиот претседател на Собранието и да се доведат одговорните пред лицето на правдата. Етничките тензии на Балканот уште еднаш почнаа да растат. Неодамнешното насилство во Македонија ја потцртува сериозноста на нивните политички проблеми. Национализмот во регионот е во пораст – изјави Ји, предупредувајќи на, како што рече, „малигното влијание“ на Русија, бидејќи Москва се обидува да го спречи поврзувањето на Балканот со Западот, користејќи финансиски и политички средства.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

15 − 14 =