Две кражби на трговски објекти во Скопје

Две кражби на трговски објекти во Скопје

222
SHARE
Фото Слободен печат

На 19.05.2017 година околу 05.10 часот во Скопје, во продавница на ул. „Орце Николов“ две непознати маскирани лица извршиле разбојништво во обид. Сторителите влегле и му се заканиле на вработениот дека ако не им ги даде парите од касата ќе го истепаат. Откако вработениот одбил да им ги даде парите и им пружил отпор, физички го нападнале ударајки го по главата и телото, по што избегале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

На 19.05.2017 година во 01.30 часот во Скопје, во сендвичара на ул. „Московска“ непознат сторител извршил разбојничка кражба. Додека вработениот се пресоблекувал во помошната просторија, слушнал тропање, по што влегол во локалот и забележал непознато лице како вади 1.000 денари од касата. Истиот му рекол да застане затоа што ќе повика полиција, но сторителот го фатил за раката и сериозно му се заканил по животот, по што го турнал и со трчање избегал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

1 × 2 =