Даниелсон: Критериумите за земјите од Западен Балкан се построги од претходно

Даниелсон: Критериумите за земјите од Западен Балкан се построги од претходно

122
SHARE

Кристијан Даниелсон, директор на Комесаријатот за проширување на ЕУ, денеска изјави дека земјите од Западен Балкан минуваат низ многу потешки реформски процеси при пристапувањето во ЕУ во споредба со државите што се приклучиле на Унијата во претходната декада.

– Постои силен политички ангажман. Причината е прилично јасна: реформите на Западен Балкан се бараат затоа што сметаме дека на Западен Балкан има повеќе луѓе кои не сакаат да ги видат реформите и кои би биле задоволни со ситуацијата каква што е денес. Затоа политичките барања се поголеми – изјави Даниелсон.

Во својот говор на конференција „Западен Балкан на раскрсница“, која ја организираше бриселската организација „Пријатели на Европа“, Даниелсон на западнобалканските земји им порача да се фокусираат на регионалната соработка и на заедничкиот пазар затоа што тоа е паралела на заедничката царина, од која сите земји ќе бидат дел кога ќе станат дел од Унијата, пишува Мета.

– Генерално, кога станува збор за трговија, мој цврст совет е да се фокусирате на регионалната трговија, а не на трговијата со ЕУ, затоа што таму се вистинските потенцијали за економски пораст – порача Даниелсон.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY