Балканските лидери поканети на неформална средба со Могерини

Балканските лидери поканети на неформална средба со Могерини

302
SHARE

Балканските премиери се повикани во Брисел на неформална вечера на 24 мај. Поканата ја испрати шефицата не европската дипломатија Федерика Могерини. Тема на неформалниот состанок ќе биде „ситуацијата во регионот во светло на последните настани и за да се разговара за патот напред”, вели портпарол на Европската комисија.

Поканата за вечерата е пратена во кабинетите на балканските премиери.

Могерини одлучи да ги покани премиерите од шест балкански земји (Србија, Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора) во Брисел и како продолжување на разговорите што шефицата на ЕУ дипломатијата ги водеше за време на нејзината посета на Балканот на почетокот на март оваа година.

Во меѓувреме таа, за италијански медиум, изјави дека ЕУ ќе продолжи да се проширува и дека следни земји за влез во ЕУ се земјите од Балканот. Но тие ќе треба и да ги исполнат бараните услови и реформи па така тоа ќе биде темата на неформалната вечера во Брисел.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

2 × four =