Атина ги искритикува ставовите на грчката црква за терминот „Македонија“

Атина ги искритикува ставовите на грчката црква за терминот „Македонија“

162
SHARE
Фото Профимедиа

Според грчките медиуми, тамошното МНР упатило остра критика кон ставовите што грчката црква ги изнесе јавно околу спорот со името со нашата земја.

Во своето соопштение, грчкото МНР ја критикува црквата дека кога се работи за црковни случаи, тие одбиваат државата да се меша, но самите сакаат да бидат дел од решенијата на општествените проблеми.

Претходно Светиот синод на ГПЦ изјави дека не прифаќаат терминот „Македонија“ да биде дел од новото сложено име на нашата држава.

Искажувајќи го својот став, грчката црква ја нарече МПЦ „расколничка прогласена македонска црква“, а своите размислувања ги испратиле и писмено до Ципрас, пишуваат грчките медиуми.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY