• кражба

Две лица во Тетовско одзеле пари од казино

Полицијата вчера ги приведе А.Д.(28) и А.Д.(21), двајцата од тетовско Непроштено поради сомнение дека околу 4 часот во казино на регионален пат Тетово-Јажинце под закана со огнено оружје од вработените одзеле пари. Како што соопшти МВР, лицата се задржани во Полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.