Казнет обезбедувач на Сашо Мијалков

Вечерва во близина на хотелот „Мериот“ во Скопје полициска патрола запрела возило „сеат“ кое било управувано од машко лице кое се претставило дека работи како обезбедување на поранешниот  директорот на УБК, Сашо Мијалков. Полицијата открила дека возилото користело полициски флешери и „хорна“ што нелегално биле поставени во возилото, па против возачот била поднесена пријава.