Маестралниот Сергеј Крилов со Македонската филхармонија ќе настапи како виолинист и диригент
Македонската филхармонија го најави концертот „Езотерија“, кој ќе се одржи на 11 април, со почеток во 20 часот, а на кој како виолинист, но и како диригент ќе настапи прочуениот Сергеј Крилов. Заедно со Крилов (1970), кој се смета за еден од најталентираните виолинисти на својата генерација и веќе одамна етаблиран и како диригент, оркестарот …