Запленети над 1,8 тони марихуана од Албанија

Запленети над 1,8 тони марихуана од Албанија

350
SHARE

Во две одделени акции на грчката и албанската полиција запленети се над 1,8 тони марихуана.

Полицијата од грчкиот град Јанина, во близина на селото Коница денеска запленила 530 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.

Дрогата, пакувана во 180 пакетчиња била во возило со грчки регистарски таблички, кое било земено под наем од двајца албански државјани на возраст од 26 и 53 години, кои биле уапсени во акцијата.

Грчките власти соопштија дека дрогата требало да биде траспотирана до Атина.

Претходно, како што јави тиранската телевизија Топ чанел, полицијата од приморскиот град Валона запленила 1.283 килограми марихуана во заливот Бристани, кај Карабурун.

Пакуваната дрога во 47 торби, била оставена на брегот, а која требало со моторен чамец да биде транспортирана во правец на италијанскиот брег. Полицијата трага по лицата кои требало да ја шверцуваат дрогата. (МИА)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY