Во железничка несреќа во Египет загинаа 44, а повредени се 180 лица

Во железничка несреќа во Египет загинаа 44, а повредени се 180 лица

175
SHARE

Во директен судар на два патнички воза во Египет, во близина на медитеранското пристаниште Александија, загинаа најмалку 44, а повредени се 180 лица, соопшти портпаролот на египетското Министерство за здравство, цитиран од ТАСС.

Според дел од американските медиуми, двата воза се судриле во реонот Хоршид, југоисточно од Александрија. Едниот воз доаѓал од престолнината Каиро, а другиот од пристанишниот град Порт Саид, во северниот сектор на Суецкиот канал.

Според информациите од местото на настанот, возот од Каиро со полна брзина удрил во возот од Порт Саид, што запрел поради дефект. Од сударот една локомотива и два вагони излетале од шините.

На местото на несреќата испратени биле полициски сили и околу 80 амбулантни возила.

Спасувачите се обидувале да расчистат урнатините со тешка опрема.

Египетското Јавно обвинителство веднаш почна истрага. Формирана е специјална комисија која ќе ги испита сите околности околу несреќата. Засега нема претпоставки за причините за несреќата.  (МИА)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY