Русија демантира дека ќе има нова воена база во Сирија

Русија демантира дека ќе има нова воена база во Сирија

85
SHARE
фото: flickr

Русија не планира да отвори нова воена база во Сирија, соопшти руското министерство за одбрана.

Изјавата доаѓа откако портпаролот на курдската единица за заштита на народот во Сирија, Редур Шелил, изјави дека на северозападот на земјата, Русија воспоставува нова воена база во договор со Курдите, кои ја контролираат таа област.

„Нема никакви планови за воспоставување нови руски воени бази на територијата на Сирија“, се наведува во соопштението на министерството.

Портпаролот на Курдите претходно наведе дека во таа база ќе бидат обучувани борците на единица за заштита на народот за борба против тероризмот.

Шелил тврдеше дека договорот со Русија е постигнат вчера и дека руските трупи со транспортери и со оклопни возила веќе пристигнуваат на позицијата во северозападната покраина Африн. (Мета)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

one × 4 =