Холандските возови ќе се движат на ветер

Холандските возови ќе се движат на ветер

196
SHARE

Холандија планира сите нејзини возови да се движат со помош на ветерот, т.е. на еолска енергија.

Земјата користи енергија од обновливи извори веќе долги години, а сега нејзина цел е својата железничка мрежа од над 2.600 километри пруги, да ја префрли на напојување на еолските фарми.

Иако засега се оди според планот, државата сака тој процес да заврши пред истекот на планираниот рок.

– Целта беше до јануари следната година 100 отсто од нашите возови да се движат со помош на ветро-турбини. Но целта ја постигнавме порано од планираното, зашто веќе 95 отсто од возовите одат на ветер – изјавил портпаролот на компанијата НС (Nederlandse Spoorwegen).

Инаку, една ветро-турбина за еден час може да обезбеди доволно енергија за патување подолго од 200 километри.

Околу 600.000 патници биле први на свет кои патувале со воз на ветер.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

twelve − 3 =