Хан: ЕУ треба да изнајде нова форма на односи со Турција

Хан: ЕУ треба да изнајде нова форма на односи со Турција

72
SHARE

Преговорите меѓу ЕУ и Турција, што се наоѓаат во ќорсокак, треба да ја поттикнат Унијата да пронајде „пореална“ форма за односите со Анкара, смета европскиот комесар за соседска политика и проширување, Јоханес Хан,

– Европската унија треба да побара нови форми за стретешко партнерство со Анкара, истакна Хан во интервју за агенцијата ДПА.

Тој при тоа го поддржа неодмана изнесениот став на францускиот претседател Емануел Макрон, дека ЕУ треба да ги преиспита односите и соработката со Турција.

Изминативе години една од главните сфери на соработка меѓу ЕУ и Турција беше справувањето со миграцијата, за што двете страни склучија и договор во март 2016 година, со кој беше запрен приливот на мигранти од турска територија кон Европа, во замена за финансиска помош за Анкара од Брисел.

Анкара досега во неколку наврати обвинуваше дека ЕУ не ги исполнила своите обврси од договорот во делот на доделувањето финансиска помошта, но Хан во интервјуто тврди дека Унијата целосно ги исплатила договорените три милијарди евра.

ЕУ најави дека доколку има потреба европските земји ќе и доделат на Турција и дополнителна финансиска помош, но некои држави, како Германија, Франција, Австрија и Шведска, не сакаат да исплаќаат средства од своите буџети, туку сметаат оти тие пари треба да се обезбедат од фондовите на Унијата/

Турција е кандидат за членство на ЕУ од 1999 година, но во 2016 година пристапните преговори западнаа во ќорсокак поради обвинувањата од европските лидери за кршење не човековите права во Турција по неуспешниот обид за воен удар и по критиките од Анкара кон некои членки на Унијата. (МИА)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY