ФБИ и НСА го негираат тврдењето на Трамп за прислушување

ФБИ и НСА го негираат тврдењето на Трамп за прислушување

69
SHARE
Фото: AFP

Директорите на американските водечки безбедносни и разузнавачки агенции изјавија дека немаат информации кои би ги потврдиле тврдењата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека неговиот претходник Барак Обама прислушувал пред изборите.

– Со почитување на претседателските твитови за тоа дека претходната администрација го прислушувала, јас немам информации кои би ги поддржале тие твитови – изјави директорот на ФБИ Џејмс Коми за време на неговото сведочење во Конгресот на САД.

Според неговите зборови, исти став има и министерството за правда кое ја надгледува работата на ФБИ и другите агенции.

Коми додаде дека ниту еден поединец не може да нареди прислушување на некој граѓанин на Америка, туку дека дозвола за тоа даваат судовите после ригорозен процес на одлучување.

Пред Конгресот сведочеше и директорот на НСА, Мајк Роџерс кој ги отфрли сугестиите на Трамповата администрација дека Националната безбедносна агенција барала од британските разузнавачки служби да го шпионираат претседателот на САД. (Мета)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

2 × 5 =