Словенија ќе ја тужи Хрватска доколку не ја спроведе арбитражната одлука

Словенија ќе ја тужи Хрватска доколку не ја спроведе арбитражната одлука

177
SHARE

Премиерот на Словенија, Миро Церар, изјавил дека е најдобро Хрватска самата да се согласи и да започне со спроведување на арбитражната одлука за поморската граница меѓу двете држави, во спротивно ќе бидат принудени да поднесат тужба.

Спорот меѓу Словенија и Хрватска е поради Пиранскиот залив, во којшто и покрај арбитражата, биле забележани хрватски риболовни бродови во словенечкиот дел, а истото продолжува и по полициски интервенции.

Церар вели дека е можно и да се побара помош од Европската комисија, за да ѝ се понудат можности на Хрватска и арбитражата да се одвива непречено.

 

 

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY