Вардар ја наполни мрежата на Динамо Панчево

Вардар ја наполни мрежата на Динамо Панчево

153
SHARE

Ракометарите на Вардар ја забележаа и седмата победа во седмиот натпревар од СЕХА лигата, триумфирајќи со 42-32 над најслабиот тим во регионалното натпреварување, Динамо Панчево.

Раул Гонзалез им даде одмор на дел од играчите, а оние кои беа на теренот играа како на ревијален натпревар, брзо, атрактивно, без многу внимание во одбраната. Вардар прими дури 32 гола што е најмногу во оваа сезона.

На полувреме црвено-црните заминаа со предност од 20-17, а гостите на стартот од вториот дел намалија на 20-18, во 38. минута повторно дојдоа на „минус два“ (23-21), за потоа Вардар целосно да се одлепи и на крајот да слави со убедливи 42-32.

Марсениќ со седум гола беше прв стрелец на „црвено-црните“, пред Чупиќ и Канелјас со по шест погодоци, по четири Недановски, Поповски и Криштопанс.

Ова беше само загревање на Вардар за тоа што го очекува во сабота во Лигата на шампионите, големото дерби против Рајн Некар.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY