Вардар го дефинира тимот и за в година

Вардар го дефинира тимот и за в година

168
SHARE
Фото ЖРК Вардар

Лекиќ и Хмирова ќе останат во клубот уште две, Кликовац и Лазовиќ уште една дополнителна сезона.

Андреа Лекиќ го продолжи договорот со ракометниот клуб Вардар и во следните две години, односно до јуни 2019 година. Српската интернационалка во Вардар е од 2013 година, а летово ѝ завршува едногодишниот договор што беше склучен лани.

– Сакаме со Лекиќ да го освоиме европскиот врв. Таа е играч од светска класа – вели извршниот директор Давор Стојановски за клупскиот сајт.

Најдобрата светска ракометарка за 2013 година (кога ја освои Лигата на шампионите со Ѓер), со Вардар има три бронзи во претходните сезони во ЛШ.

– Не би останала доколку не сум задоволна. Со овие две години ќе бидат вкупно шест, најмногу што сум се задржала во некој клуб досега. Не постои нешто што не ми одговара во клубот – изјави Лекиќ.

Сезонава во лигата на шампионите Лекиќ постигна вкупно 32 гола на шест натпревари. Поради повреда не настапи на првите три меча од групната фаза сезонава.

Клубот ги продолжи договорите и со Татјана Хмирова (дополнителни две сезони), а Андреа Кликовац и Барбара Лазовиќ ќе останат во Скопје уште најмалку една сезона. Кликовац пристигнаа во Вардар во 2012 година, Хмирова – во 2013, а од 2014 на тимот му се приклучи и Барбара Лазовиќ.

Вардар е единствен во ЛШ без пораз, со серија од осум победи по ред и десет натпревари без пораз, што е клупски рекорд. Во следното коло од главната фаза на ЛШ на 26 февруари Вардар е домаќин на Будуќност.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

seventeen − ten =