Црвена звезда без Антиќ поразена во Истанбул

Црвена звезда без Антиќ поразена во Истанбул

110
SHARE

Кошаркарите на Црвена звезда доживеаја пораз на гостувањето во Истанбул од Анадолу Ефес со 104-95 во рамките на Евролигата.

Без Перо Антиќ кој остана на клупата „црвено-белите“ немаа сили за победа над турскиот тим, а не функционираше нивното најсилно оружје одбраната што се гледа и по примените 104 поени.

Зоран Драгиќ го одигра својот најдобар меч оваа сезона, постигнувајќи 24 поени, од кои 11 во вториот период, Ерик Мекколум заврши со 20 поени, а двоцифрени беа и Данстон (13), Даглас (12), Мотум (12), Симон (11) и Браун (10). Како најефикасни за Звезда се истакнаа Бјелица и Рочести со 15 поени, односно 14 поени.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY