Сензација на „Стемфорд Бриџ“: Барнли го нокаутира шампионот! (Видео)

Сензација на „Стемфорд Бриџ“: Барнли го нокаутира шампионот! (Видео)

213
SHARE

Бранителот на титулата Челси имаше кошмарен старт на новата сезона во Премиерлигата, откако претрпе шокантен пораз од 2-3 на домашен терен од Барнли.

Кошмарно почна мечот за тимот на Антонио Конте, бидејќи уште во 14. минута капитенот Кејхил заработи директен црвен картон. Следеше шокантно полувреме за домашните фанови на „Стемфорд Бриџ“, откако Воукс постигна два гола, а еднаш во листата на стрелци се запиша Ворд за убедливи 3-0.

Во вториот дел Челси тргна на се или ништо Мората намали, а Давид Луиз постигна гол за 2-3, но домашните немаа сили за изедначување. На десет минути пред крај и Сеск Фабрегас заработи црвен картон и Челси мечот го заврши со деветмина.

Ливерпул одигра 3-3 на гостувањето против Ватфорд, примајќи гол во 94. минута.

Вејн Руни го постигна победничкиот гол за Евертон во минималната победа над Стоук од 1-0.

Резултати: Ватфорд – Ливерпул 3-3, Челси – Барнли 2-3, Кристал Палас – Хадерсфилд 0-3, Евертон – Стоук 1-0, Саутемптон – Свонси 0-0, ВБА – Бурнемаут 1-0.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY