Селекторот на Шпанија го објави списокот за мечот со Македонија

Селекторот на Шпанија го објави списокот за мечот со Македонија

183
SHARE
фото: uefa.com

Селекторот на Шпанија, Хулиен Лопетеги, го соопшти составот на фудбалската репрезентација за претстојните два натпревара, за пријателскиот против Колумбија, во Мурсија, на 7 јуни, и за квалификациите за Светското првенство на Русија, на 11 јуни, во Скопје, против Македонија.

– Ова се три важни бода во трката за пласман на Светското првенство. Македонија пред своите фанови е незгоден противик – вели Лопетеги.

Во одбрана новина е Серхи Роберто, кој доаѓа на местото на Хави Мартинез. Во средниот ред отпадна од Херера од Манчестер јунајтед, а влезе Марко Асенсио од Реал Мадрид, кој веќе имаше деби, против Босна, на 29 мај 2016 година. Од тимот „под 21“ се Асенсио, Кепа и Деулофеу. Собирот на тимот е на 3 јуни.

Состав – голмани: Де Хеа, Кепа. Одбрана: Карвахал, Серхи Роберто, Пике, Рамос, Начо, Аспиликета, Монреал, Жорди Алба. Среден ред: Бускетс, Иљараменди, Коке, Тиаго, Иско, Иниеста, Асенсио, Педро, Витоло, Силва. Напад: Мората, Деулофеу, Коста и Аспас.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

19 − 16 =