Решавачки дуел за Вардар

Решавачки дуел за Вардар

210
SHARE

Иако и на оваа средба, слично како и на првиот натпревар одигран во Шведска, фаворит е тимот на Малме, вардарци имаат поволен резултат од 1-1 и доколку не примат ниту еден гол, тогаш со сигурност ќе го обезбедат пласманот во наредната рунда натпревари.

Актуелниот првак на Македонија попладнево го игра најбитниот натпревар во оваа сезона. На стадионот „Младост“ во Струмица, „црвено-црвените“ го играат реванш натпреварот од 2. квалификациско коло за пласман во Лигата на европските шампиони.

Иако и на оваа средба, слично како и на првиот натпревар одигран во Шведска, фаворит е тимот на Малме, вардарци имаат поволен резултат од 1-1 и доколку не примат ниту еден гол тогаш со сигурност ќе го обезбедат пласманот во наредната рунда натпревари.

Сепак, стратегот на Вардар Гоце Седлоски уште по одигрувањето на првиот дуел, истакна дека нема намера да се брани во реваншот, туку со офанзивна игра ќе се обиде да го брани ремито од Малме.

Хендикеп за македонскиот шампион ќе претставува фактот дека овој дуел, наместо во Скопје ќе се игра во Струмица. Поради одигрувањето на европскиот Суперкуп, тревникот на арената „Филип Втори“ се чува за пресметката помеѓу великаните Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, па македонските екипи се принудени да избираат помеѓу Струмица и игралиштето на ФФМ, лоцирано во скопската населба Аеродром.

Од клубот информираа дека на еден ден пред започнувањето на натпреварот, продадени се вкупно 4.000 билети, што е респектабилна бројка, ако се земе во предвид дека капацитетот на струмичкиот стадион изнесува 7.000 столчиња за седење.

Дополнителен пех за Вардар се и временските услови. Разладувањето и осетното намалување на температурите овозможуваат приближно идеални услови за игра, но многумина се надеваа дека шведските фудбалери ќе бидат пречекани на 40 степени, што би можело да влијае на нивната форма.

Реванш дуелот помеѓу Вардар и Малме ќе започне од 18 часот.

Копенхаген навива за Вардар

Во наредното коло од квалификациите за Лигата на шампионите, можен противник на Вардар е данската екипа на ФК Копенхаген.

Навивачите на оваа екипа преку социјалните мрежи праќаат пораки за поддршка до македонскиот клуб, посакувајќи го за противник во 3. коло од квалификациите.

Од Копенхаген се убедени дека Вардар е полесен противник од Малме, со што шансите за пласманот на Данците во главните квалификации од ова натпреварување нагло ќе пораснат.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

20 − 15 =