Раул е најдобар тренер, Штербик најдобар голман во ЛШ

Раул е најдобар тренер, Штербик најдобар голман во ЛШ

194
SHARE

На почетокот на новата сезона во ЕХФ лигата на шампионите, медиа тимот на ЕХФ ги праша сите тренери на екипите што се натпреваруваат во лигата на шампионите да го изберат идеалниот тим и најдобриот тренер.

Единствениот нов член на идеалната седморка е Арпад Штербик меѓу стативите.

На четири позиции најмногу гласови добија играчи на ПСЖ, а по еден глас играчи од Веспрем, Вардар и Кјелце.

Тренерот Раул Гонзалез е победник во категоријата на тренери, а салата во Веспрем е местото каде има најдобра атмосфера за играње.

Секој тренер требаше да избере идеалн тим со играч на секоја позиција, со исклучок на играчи од својот тим.

Лани најдобар голман беше Никлас Ландин, а сега е заменет од Арпад Штербик. Вардар ја освои европската титула со извонредна игра на Ф4 турнирот во Келн.

Еве како гласаа тренерите:

ГОЛМАН
15 гласа – Арпад Штербик (Вардар)
5 – Гонзало Перез де Варгас (Барселона)
4 – Никлас Ландин (Кил)

ЛЕВО КРИЛО
18 – Уве Генсхајмер (ПСЖ)
4 – Тимур Дибиров (Вардар)
2 – Гудјон Валур Сигурдсон (рајн Некар), Јонас калман (Сегед)

ЛЕВ БЕК
12 – Микле Хансен (ПСЖ)
2 – Момир Илиќ (веспрем), Сандер Сагосен (ПСЖ), Ваел Жалуз (Барселона)

СРЕДЕН БЕК
12 – Никола Карабатиќ (ПСЖ)
9 – Арон Палмарсон (Веспрем)
7 – Лука Циндриќ (Вардар)

ДЕСЕН БЕК
8 – Ласло Наѓ
4 – Недим ремили (ПСЖ), Алекс Дишебаев (Кјелце)

ДЕСНО КРИЛО
7 – Лук Абало (ПСЖ)
6 – Виктор Томас (Барселона)
4 – Иван Чупиќ (Вардар), Блаж Јанц (Кјелце)

ПИВОТМЕН
7 – Јулен Агинагалде (Кјелце)
5 Лудовик Фабрегас (Монпелје)
2 – Бјарте Мирхол (Скјерн), Патрик Винчек (Кил), Седрик Сораиндо (Барселона)

ТРЕНЕР
20 – Раул Гонзалез (Вардар)
9 – Љубомир Врањеш (Веспрем)
8 – Чави Пасквал (Барселона)

САЛА
12 – Веспрем
8 – Шпаркасен Арена (Кил)
7 – Јане Сандански (Вардар)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY