Работнички славеше во вечното дерби за продолжување на победничката серија

Работнички славеше во вечното дерби за продолжување на победничката серија

66
SHARE

Екипата на Работнички триумфираше во „вечното“ дерби со МЗТ Скопје, во натпреварот од 8. коло од домашното кошаркарско првенство со 76-71.

Ова е трет пораз за „металците“ во Прва лига, а екипата има мошне лош скор и во натпреварите од АБА, каде е последнопласирана на табелата. Сето тоа ги разгори шпекулациите за сменана на тренерот Александар Тодоров, кој и самиот призна дека ги потрошил сите кредити и дека нема оправдување залошите резултати.

– Дојдовме до една точка каде што веќе мора да се пресече. По оние порази од Задар и Цибона се надевавме дека ќе го подигнеме нивото на играта со новите засилувања, но веќе немаме оправдување. Денес бевме комплетни во ростерот и со одредено време за воигрување, но напредок во нашиот тим не се забележува, така што одговорноста за овој пораз ја превземам лично јас. Дали ќе останам тренер на овој тим и дали ќе ја водам екипата против Морнар ќе знаеме по утрешниот ден, бидејќи за тоа не одлучувам јас самиот. Претходно се вадевме на стара слава, други тренери пред мене имале и помалку кредити, но веќе ги потрошив сите кредити – изјави Тодоров.

На спротивната страна има причина за големо задоволство, бидејќи по долги години тимот на Работнички е фаворит за титула. Остварен е триумф на теренот на актуелниот шампион и тоа по одличната игра во решавачките моменти од натпреварот за осма победа во низа.

– Моите играчи го одработија сето она што го имавме договорено, сметам дека можевме да примиме и помалку кошеви доколку не ги направивме тие неколку глупости. Ме изненадија моите играчи што успеаја физички да го издржат овој дуел. Можевте да видите и самите, МЗТ правеше измени со 10 играчи, а ние се боревме со тоа што го имаме. Се примети тоа во првото полувреме кога и да направевме мала предност, ќе направев измена и таа предност веднаш ја губевме. Тие играчи кои ми се за измена се уште не се дораснати за ваков натпревар – изјави тренерот од „градски парк“, Марин Докузовски.

Ова дерби помина во хуманитарен карактер, бидејќи приходите од продадените билети беа донирани за лекувањето на кошаркарската легенда Стеван Гешовски.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY