ПК Бета со медали од два меѓународни натпревара

ПК Бета со медали од два меѓународни натпревара

223
SHARE
Младата пливачка Анастасовска го освои пехарот за најдобар пливач во генерацијата 9 години и помлади

Пливачите на клубот Бета викендот настапија на два натпревара каде освоија 38 медали.

На „Немо куп“ во Скопје ПК Бета освои 11 златни, 10 сребрени и 17 бронзени.

За најдобри пливачи во нивните категории беа прогласени Сара Анастасовска, Ива Китановиќ, Миа Блажевска Еминова и Мартин Стефановски. Воедно Миа Блажевска Еминова постави нов кадетски и рекорд на постари пионери во дисциплината 50 метри грбно со време 33,71 секунди.

Давор Петровски имаше настап на меѓународниот натпревар „Младост“ во Загреб, Хрватска каде успеа да се избори за финале и исплива свое најдобро време во дисциплините 200 метри делфин каде освои и сребрен медал и 100 метри делфин каде освои и бронзен медал.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY