Новото првенство почнува со дербито во Тетово

Новото првенство почнува со дербито во Тетово

225
SHARE
Фото: fkvardar.mk

Мечот меѓу Шкендија и Вардар е во сенка на нивните меѓународни настапи, поточно во плејофот на Лигата на Европа.

Со големото дерби меѓу најголемите конкуренти за титулата Шкендија и Вардар, утре, во Тетово, од 17 часот, почнува новото фудбалско првенство на Македонија. За првпат дуелот меѓу црвено-црните екипи од Тетово и во Скопје е во сенка на нивните меѓународни настапи, поточно во плејофот на Лигата на Европа. В четврток, Вардар во Скопје го пречекува Фенербахче, а Шкендија, на славниот стадион „Сан Сиро“ ќе му гостува на Милан.

Покрај двата фаворита, за висок пласман ќе конкурираат Работнички и Пелистер, но можни се изненадувања. Голема непознаница е тимот на Академија Пандев, кој ќе дебитира во елитното првенство. Не е исклучено и тој да се вмеша во борбата за излез во Европа.

И годинава ќе се игра според истиот систем од лани – четирикружно по девет кола, без плејоф. Првенството треба да заврши до 20 мај поради Светското првенство, кое в година ќе се одржи во Русија.

Преостанатите средби од првото коло се играат в недела, исто така од 17 часот. Се среќаваат Шкупи – Академија Пандев, Победа – Пелистер, Работнички – Ренова и Силекс – Скопје.
Куп-натпреварите почнуваат в среда.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY