Милан не запира: „Росонерите“ го носат Мората за 70 милиони евра!

Милан не запира: „Росонерите“ го носат Мората за 70 милиони евра!

202
SHARE

Италијанскиот гигант Милан продолжува со големи вложувања во тимот, откако напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората е пред трансфер на Сан Сиро за 70 милиони евра што ќе биде најскапо засилување во историјата на клубот.

Како што пренесува Газета дело Спорт, Милан е подготвен да му понуди годишна плата од 10 милиони евра со што ќе биде најплатен фудбалер во Серија А.

Милан ова лето ги доведе Бонучи, Андре Силва, Лукас Билја, Андреа Конти, Франк Кеси, Чалханоглу, Рикардо Родригес и Матеа Мусакио.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY