Манасков налето во Веспрем?

Манасков налето во Веспрем?

220
SHARE
Фото ЕХФ ТВ

Македонското репрезентативно крило Дејан Манасков најверојатно ќе се пресели во унгарскиот првак Веспрем, најавува доброинформираниот „Хнедболпланет“. Манасков на крајот од сезоната ќе се раздели од својот сегашен клуб, германскиот Рајн Некар Левен, во кој тукушто пристигна уште еден македонски репрезентативец Филип Талески.

На кормилото на Веспрем треба да дојде нов тренер – Љубомир Врањеш, кој со Фленсбург успеа да стане европски првак. Манасков треба да биде замена за легендата на клубот Ѓерг Иваншиќ, кој си заминува по 17 години.
Манасков досега настапуваше во Металург, Вецлар, Вардар, пред да потпише за Рајн Некар Левен.

Талески остана на клупата на „лавовите“, иако беше пријавен за мечот со Хановер

Рајн Некар Левен за првпат официјално го пријави на еден натпревар Филип Талески, кој го облече дресот со број 28 на средбата од германското првенство против Хановер на гости, но не доби шанса од тренерот Николај Јакобсен да влезе во игра.

Фаворизираните гости славеа со 30:26. Дејан Манасков е повреден и ќе се врати во тимот на Левен за две недели.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

five × 3 =