Македонија до 19 години го декласира Лихтенштајн

Македонија до 19 години го декласира Лихтенштајн

74
SHARE

Македонската репрезентација до 19 години со убедлива победа од 6:0 против Лихтенштајн и максимални девет бодови ги заврши натпреварите од групата за пласман во Елитната УЕФА фаза за ЕП.

Младите фудбалери од нашата „златна генерација“ приредија гол-шоу на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и на најдобар можен начин потврдија дека имаат голем потенцијал.

Ова е за прв пат една македонска репрезентација да заврши со максимални девет бода во квалификации. Дарко Чурлинов погоди во 3. минута, а четири минути подоцна Колевски зголеми на 2:0. До полувремето веќе беше 3:0 со на голот на Митровски. Токму Димитар Митровски погоди за 4:0 во 54. минута, мрежата на гостите два пати ја тресеше и Миовски за конечни 6:0.

Македонија претходно во квалификациите со идентични 2:1 славеше над Белгија и Швајцарија. Момците на селекторот Вујадин Станојковиќ покажаа дека имаме генерација за блескава иднина.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY