Исланд ја изненади Шведска, победа на Белорусија

Исланд ја изненади Шведска, победа на Белорусија

123
SHARE

Почнаа натпреварите од 13. Европско ракометно првенство. Селекцијата на Исланд ја изненади Шведска и славеше со 26-24, додека Белорусија беше подобра од Австрија (27-25).

Швеѓаните очекуваа сигурен триумф против Исланд за кој се тврдеше дека ја нема моќта од минатото, но денеска на теренот не изгледаше така. По првите 30 минути имаа дури седум голови разлика 15-8, Шведска се обиде да се врати во вториот дел, но само успеа да го ублажи поразот на конечни 26-24.
Олаф Гудмундсон со седум гола беше најефикасен во селекцијата на Исланд, по пет реализираа Карасон, Сигурдсон и Гунарсон. Во составот на Шведска Готфридсон постигна шест погодоци.
Во групата Б, Белорусија со 27-26 ја победи Австрија и дојде до планираната победа на стартот од првенството. Кулеш со седум погодоци беше најдобриот играч на Белорусија, Билик за Австрија постигна осум.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY