Елмас пристигна во Истанбул

Елмас пристигна во Истанбул

247
SHARE

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас пристигна во Истанбул, каде што ќе треба да ги заврши последните формалности околу завршувањето на неговиот трансфер во редовите на тимот на Фенербахче.

Елмас вниманието на големите европски екипи го сврти врз себе по настапот за младинската селекција на Македонија, со која учествуваше на соодветното европско првенство во Полска. Тој доби поголем број понуди за да ја продолжи кариерата, но на крајот се одлучи да премине во редовите на турскиот гигант.

Елмас преку социјалните мрежи, претходно им се заблагодари на навивачите и соиграчите од Работнички, екипа во чии редови ги направи првите професионални чекори.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY